Во Пекинг форум за привлекување инвестиции во Македонија

Македонскиот премиер Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Пекинг ќе се обрати на бизнис форумот во рамките на неговата посета на Кина. Најавено е дека ќе биде потпишан меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот и Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка. Македонската делегација предводена од премиерот ќе оствари средба и со премиерот на Кина Вен Џиабао и ќе се обрати на бизнис форуми за привлекување странски инвестиции и претставување на можностите за инвестирање во Македонија во Пекинг, Ченгду, Шангај и Хонг Конг.