Еврозоната не и дава пари на Грција додека не формира влада

Еврозоната нема да и даде повеќе пари на Грција, додека не формира влада која ќе гарантира исполнување на програмата за заздравување на државните финансии, изјави висок европски дипломат во Брисел. Ситуацијата во земјата ќе биде главна тема на денешната седница на министрите за финансии на државите од еврозоната. На средбата нема да биде разгледано доставувањето на Грција на дополнителна помош во износ од една милијарда евра. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изминатиот викенд изјави дека еврозоната е клуб чии членови живеат согласно правилата, и ако правилата не се почитуваат, клубот треба да се напушти.