Николиќ- Знам дека можам да го победам Тадиќ

Кандидатите за претседател на Србија, Тадиќ и Николиќ.

Кандидатот за претседател на Србија,Томислав Николиќ го обвини Борис Тадиќ и Демократската партија за изборен фалсификат. Николиќ изјави дека одлучил да не му пружи прилика на Тадиќ автоматски да биде избран за претседател.

„Законот е таков што не можам да ја повлечам својата кандидатура. Знам дека можам да го победам Тадиќ. Да ја оставам Србија во рацете на Борис Тадиќ, тоа а е злосторство“, изјави Николиќ.

Тој вели дека одлуката да учествува во вториот изборен круг е негова лична одлука и дека ќе учествува без разлика на тоа што во првиот е направена изборна кражба. Според него откажувањето од трката е откажување од борба.