ЕУ денеска ќе реши дали да ја бојкотира Украина

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за тоа дали да ја бојкоритат Украина за време на одржувањето на европскиот фудбалски турнир следниот месец. Акцијата ќе биде протест за затворањето на укринската лидерка на опозицијата, Јулија Тимошенко.
Холандија, кој треба да игра во Украина, веќе соопшти дека нема да испрати политички претставници , преставници нема да има ниту од Европската комисија.
Сепак, некои од претставниците на земјите членки на ЕУ сакаат да ја посетат Украина и тоа да го искористат како свој адут во преговорите со земјата. Тимошенко се наоѓа во затвор на издржување на седумгодишна затворска казна за злоупотреба на функцијата.