Партијата на Меркел губи подршка во Северна Рајна Вестфалија

Првичните резултати од излезноста на изборите во Германија покажуваат предност на опозицијата во најнаселениот дел на земјата. Подршката за владеачкката конзервативна партија на чело со канцеларот Ангела Меркел бележи пад од 35 на 26 проценти во Северна Рајна Вестфалија. Анкетите за излезност на телевизијата АРД покажуваат заедничка предност на двете опозициски партии – социјал – демократите и зелените, кои заедно имаат 51 отсто од подршката на јавноста. Тоа е доволно за двете партии да добијат мнозинство во институциите по изборите. Повеќе од 13 милиони гласачи, што претставува една петтина од германскиот електорат, денеска гласаа за нов регионален парламент во Северна Рајна Вестфалија.