Расте бројот на настрадани во невремето во Кина

Бројот на настрадани во невремето во планинскиот регион во северозападна Кина се искачи на 40 лица. Новинската агенција Зинхуа јавува дека 18 лица се водат за исчезнати како и дека во областа има прекин на телекомуникациските системи и доставата на струја. Медиумите јавија дека вчеравечер 30,000 лица биле евакуирани од областа Минксиан во провинцијата Гансу.