Последен обид за формирање грчка влада

Грчките политички лидери денеска ќе имаат последен обид за формирање на коалициска влада. Прњетседателот Карлос Папуљас ги повика лидерите на разговори но аналитичарите не очекуваат продвижување на работите. Последниот обид за формирање влада пропадна во петокот, откако лидерот на Пасок беше спречен во обидот од радикалната левичарска партија. Доколку денешните псоледни разговори не покажат резултати, претседателот ќе мора да свика нови избори.