Непозната исламистичка група одговорна за нападите во Сирија

Дамаск, 10 мај 2012.

Досега непозната исламистичка група ја презеде одговорноста за двата самоубиствени бомбашки напади во Дамаск, во кои загинаа 55 луѓе. Организацијата Ал Нусра објави видео во кое ја презеда одговорноста за нападите од 10 мај. Според исламистите тие се решиле на таков напад за да се одмаздат за владините напади врз станбени области. Нападот од 10 мај е најкрвавиот напад откако започна борбата против сирискиот претседател Башар ал-Асад пред 14 месеци.