Долниот дом на Полскиот парламент денеска го одбри предлогот на Владата за старосната граница за одење во пензија, која во иднина ќе изнесува 67 години и за мажите и за жените. Досега во Полска жените со 60 години, а мажите со 65 ја исполнуваа старосната граница за пензионирање. Според премиерот Доналд Туск, со оваа мерка работниците ќе можат подоцна да одат во пензија и со тоа да си обезбедат поголеми пензии, а истовремено ќе се намалат трошоците на државата. Синдикатите остро се спротиставуваат на новиот предлог, кој за да стапи во сила, треба да помине и во Сенатот и да биде потпишан од претседателот на државата.