Шојбле: Еврозоната може и без Грција

германскиот министер за финансии Вофганг Шојбле

Еврозоната би можела да го поддржи евентуалниот излез на Грција, изјави германскиот министер за финансии Вофганг Шојбле, додавајќи дека другите од еврозоната не можат со сила да бараат од некоја земја да ги исполнува своите обврски. ,,Во текот на овие две години научивме многу и изградивме заштитни механизми. Опасноста од ширењето на кризата и во други земји од еврозоната се намали и монетарната унија целосно стана поиздржлива,, оцени Шојбле.