Генерал Демпси со осуда за антисламистичка обука

генерал Мартин Демпси

Шефот на Генералштабот на американските сили генерал Мартин Демпси ја осуди обуката со која на војниците им се предавало да се подготват на тотална војна против исламот. Ваквата обука се изведувала за повисоки офицери во воениот колеџ во Норфолк, Вирџинија. Одговорниот инструктор потполковникот Метју Дули бил суспендиран од предавањата. Генерал Демпси изјави дека се води истрага дали вакви предвања имало и во други воени училишта во Соединетите држави.