Босанските пратеници ги намалија платите

Пратениците во Парламентот на БиХ постигнаа согласност за намалување на платите на сите државни службеници, вклучувајќи ги и нивните. Министерот за финансии Никола Шпириќ изјави дека платите ќе бидат намалени за 4,5 отсто, додавајќи дека нема да се намалат единствено платите помали од 500 конвертабилни марки, односно околу 250 евра. Донесувањето на овој закон е услов за утврдување на буџетот на БиХ за годинава.