Повторно пад на инфлацијата во Кина

Инфлацијата во Кина веќе трет месец едно подруго бележи опаѓање. Најновите податоци покажуваат дека цените се зголемиле за 3,4 насто во споредба со истиот месец лани. Кинеската влада има зацртано задржување на инфлацијата под 4 проценти.