Претседателката на Литванија во посета на Тимошенко

Возилото со кое Тимошенко била префрлена во болница.

Претседателката на Литванија Далиа Грубаускаите денска планира да ја посети поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко која се наоѓа во болница. Претседателката на Литванија исто така ќе се сретне и со претседателот Виктор Јанукович.
Во средата, Тимошенко од затворот во Харков била пренесена во болница со што заврши нејзиниот штрајк со глад.

Затворањето на Тимошенко ги влоши односите меѓу Украина и Западот. Многу европски лидери планираат да ја бојкотираат Украина која заедно со Полска се домаќини на Европското фудбалско првенство кое започнува следниот месец.