Руски тим во Индонезија за истрага на авионската несреќа

Спасувачките тимови го пребаруваат местото на несреќата.

Тим на руски иследници пристигне во Индонезија да ја истражат несреќата на рускиот патнички авион кој се урна во средата. Авионот кој превезуваше 50 патници се урна во планините во близина на Џакарта, а спасувачите ги пронајдоа остатоците во четвртокот. Нема преживеани во несреќата. Руската амбасада соопшти дека руски инспектори ќе работат со своите индонезиски колеги за да се утврди причината за несреќата. Утрината се испратени шест хеликоптери до местото на несреќата за да ги пренесат телата на жртвите, соопштија од Националната агенција за пребарување и спасување .