Одложено судењето на потпретседателот на Ирак

Тарик Ал Хашеми

Судот во Ирак втор пат го одложи судењето во отсуство за тероризам на потпретседателот на земјата Тарик Ал Хашеми, кој е во бегство. Судот во Багдад го одложи судењето за 15 мај откако адвокатите на обвинетиот побараа формирање на посебен трибунал кој ќе го разгледува случајот. Хашеми ги одбива обвиненијата, тврдејки дека станува збор за политички случај против него. Највисоко рангираниот политичар од сунитското малцинство во Ирак е обвинет за организирање на убиствата на шиитски државни службеници. Хашеми моментално се наоѓа во Турција. Тамошните власти одбија да го екстрадираат во Багдад.