Рекордна невработеност во Грција

Невработеноста во Грција во февруари достигна нов рекорд, соопштија агенциите. Според податоците на националната статистичка служба невработеноста достигнала 21,7 отсто. Еден месец претходно стапката беше 21,3 отсто. Во возрасната група невработени меѓу 15 и 24 години таа изнесува рекордно високи 54 отсто. Приближно 1,1 милион граѓани се без работа. Тоа е за 42 отсто повеќе од истиот месец минатата година. Податоците на статистичката служба покажуваат дека бројот на оние кои работат е намален за осум проценти и сега ги достигна рекордно ниските 3,87 милиони вработени.