Вандализиран партиски штаб на Обединета Русија

Штаб на владеачката партија Обединета Русија бил вандализиран во градот Киров. Претставник на партијата за Радио Слободна Европа изјави дека биле искршени прозорците и вратите во просторијата. Локалните медиуми јавуваат дека опозициската група која се нарекува Автономна Акција ја превземала одговорноста за нападот.