Дамаск - 40 загинати и над 170 ранети

Дамаск, 10 Мај

Сириската државна телевизија јави дека како последица на двете силни експлозии кои го потресоа Дамаск, загинале 40 а биле ранети најмалку 170 луѓе. За државната телевизија, која покажа снимки на разурнати возила и крвави тела, експлозиите се дело на терористи. Про - опозиционата сириска обсерваторија за човекови права соопшти дека експлозиите се случиле во близина на база на безбедносните сили. Дамаск последниве месеци е цел на напади на опозициониоте сили кои се борат против режимот на Башар ал Асад. Досега во Сирија се распоредени 70 од предвидените 300 посматрачи на Обединетите Нации кои треба да го набљудуваат кревкиот прекин на огнот.