Силни експлозии во Дамаск - Сирија

UN observers walk outside the UN offices in Damascus, 02May2012

Сириската државна телевизија јави дека има десетици загинати и ранети како последица на двете силни експлозии кои го потресоа Дамаск. За државната телевизија, која покажа снимки на разурнати возила и крвави тела, експлозиите се дело на терористи. Про- опозиционата сириска обсерваторија за човекови права соопшти дека екплозиите се случиле во близина на база на безбедносните сили. Дамаск последниве месеци е цел на напади на опозициониоте сили кои се борат против режимот на Башар ал Асад. Досега во Сирија се распоредени 70 од предвидените 300 посматрачи на Обединетите Нации кои треба да го набљудуваат кревкиот прекин на огнот.