Обама изрази поддршка за исто-половите бракови

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ги поддржува исто-половите бракови, со што стави крај на повеќемесечните претпоставувања во претседателската кампања за тоа каков е ставот по тоа прашање на актуелниот шеф на државата. Во интервју за телевизијата Еј -Би -Си Обама рече дека верува оти на геј двојките треба да им се дозволи да стапуваат во брак. Тој рече дека тоа е негово лично мислење. Но се смета дека неговата изјава ќе претставува вознемирување за претставниците на општествениот конзервативизам кои велат
дека бракови треба да има само меѓу маж и жена.