Парламентот на Израел ја изгласа новата обединета влада

Израелскиот парлaмент го одобри договорот меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и опозицициската Кадима партија, за формирање Национална обединета влада. Ова е најголема израелска владејачка коалиција со 94 гласови од 120 пратеници во парламентот.
Лидерот на Кадима Шаул Мофаз е наименуван за министер без ресор и вицепремиер. До овој чекор доаѓа пред изборите кои Нетанјаху ги планира за септември.