Тимошенко го прекина штрајкот со глад

амбулантното возило во кое се превезуваше Тимошенко

Германскиот неуролог Лутц Хармс, кој во Каркив ја лекува екс-премиерката на Украина, изјави дека Јулија Тимошенко го прекинала штрајкот со глад по речиси три недели. Докторот дополни дека на Тимошенко ќе и биде потребен еден месец за да се опорави од гладувањето. Екс-премиерката, која отслужува седумгодишна казна затвор поради злоупотреба на службената должност, денеска беше префрлена во болница. Таа го започна штрајкот со глад на 20 април, одбивајки медицинска помош од украински лекари.