Лукашенко бара да се брани Белорусија

Претседателот Александар Лукашенко изјави дека неговиот режим нема да дозволи било која земја „да ја уценува или да и се заканува на Белорусија“. Белорусија, лоцирана во центарот на Европа, е подготвена за дијалог со нации од истокот и западот, рече Лукашенко во Минск и дополни: „Некои ја сметаат нашата добра воља за знак на слабост“. Претседателот напомена дека некои земји користат информациски операции, социјални мрежи и економски санкции за да ја покорат земјата и ги повика жителите на Белорусија да ја бранат земјата како што нивните предци ја бранеле во Втората светска војна.