Авион исчезна од радар јужно од Џакарта

Патнички авион марка „Сукои“ од руско производство исчезнал од радарот во близина Џакарта. На леталото има 46 патници а индонезиските власти велат дека почнале потрага и дека за сега не се знае дали авионот се урнал. Моделот „Сукои“, од класата суперџет со места за 100 патници беше пуштен во употреба во 2008 година.