Управниот директор на Светска Банка во посета на Македонија

Управниот директор на Светска Банка, Шри Мулани Индравати од вчера е во дводневна посета на Македонија, во рамките на која ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Разговорите со Владата, како што посочуваат од Светска Банка, ќе се фокусираат врз моменталната политичка и економска состојба во земјата, и на начините на кои Светска Банка може да помогне за постигнување побрз, посеопфатен и поодржлив раст.