Филе: ЕУ одлучна да го одржи реформскиот напредок на Западниот Балкан

Денеска се одбележува Денот на Европа. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во видео порака од Брисел изјави дека ЕУ е решена да го оддржи реформскиот напредок во земјите кои сакаат да станат членки на Унијата и нагласи дека предизвиците со кои се соочува сега Европа се врзани за глобализацијата а не за проширувањето. Еврокомесарот истакна дека Европската Унија и понатаму расте укажувајќи на тоа дека Хрватска наскоро ќе им се придружи, Србија доби статус кандидат за членство а Црна Гора ќе започне со преговорите следниот месец, додека другите земји напредуваат на патот на проширувањето на ЕУ.