Лукашенко: Белорусија нема корист од револуционерни активности

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, користејки познат цитат од писателот Феодор Достоевски, ја опиша личната слобода во земјата како „неподнослив товар“ за кој Белорусија се уште не е подготвена . На годишното обраќање пред нацијата претседателот рече дека земјата нема корист од револуционерни активности кои „водат кон хаос и крвопролевање“. „Големиот Достоевски напиша дека нема ништо понеподносливо за личноста од слободата. Секако тој бил во право“ рече Лукашенко, за кого Соединетите американски држави велат дека е последниот диктатор во Европа. Лидерот успеа да ја задржи власта од првиот мандат кој го доби во 1994 година.