Новиот бран на власта во источна Македонија

Владеачката ВМРО ДПМНЕ потврди дека во општините Делчево, Пехчево, Штип, Конче, Ранковце доаѓа до промени на неколку раководни функции, при што ќе бидат зафатени шест директори на јавни комунални претпријатија, двајца директори на основни училишта и по еден директор на дом на култура и на детска градинка. „Не исклучуваме дека во идниот период, во истите општини ќе дојде и до определени промени и на други позиции, дел кои се под ингеренции на локалната власт, но и функционери кои раководат со централни органи на подрачно ниво“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.