Украина го одложи регионалниот лидерски самит

Украина одлучи да го одложи регионалниот самит на лидери од Централна и Источна Европа кој викендов требаше да се одржи во градот Јалта. Потегот следува по одлуката на дел од лидерите да го бојкотираат настанот во знак на протест на третманот на екс-премиерот Јулија Тимошенко, која отслужува седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службената должност и штрајкува со глад. Портпарол на украинското Министерство за надворешни работи за Интерфакс потврди дека настанот се одлага. Одлуката е донесена откако повеќе политички лидери најавија и бојкот на натпреварите на светското првенство во фудбал кое се одржува во Киев. Многумина политичари изразија загриженост за ситуацијата со екс-премиерот Тимошенко.