Нема нови приведувања за петкратното убиство

Во последните 24 часа полицијата нема нови приведувања во врска со петкратното убиство кај Смиљковското езеро, ниту нови информации за двајцата осомничени за тероризам по кои е распишана меѓународна потерница. Како што изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, судот во секој момент може да одлучи дел од постојните одлуки да ги преиначи, да преземе нови дејствија бидејќи во оваа фаза истрагата практично ја води истражниот судија. „МВР е целосно отворено за се што може да биде потребно за целосно комплетирање на истрагата, колку што е можно побрзо започнување на судењето за тоа кога ќе дојде време“ рече Јанкулоска.