Диносаурусите сами се виновни за нивното изумирање

Можеби звучи како шега, но новата студија за изумирањето на диносаурусите покажува дека џиновските животни сами се виновни за нивното истребување. Авторот Дејвид Вилкинсон од Универзитетот во Ливерпул наведува дека големите диносауруси познати како сауроподи годишно испуштале над 570 милиони тони метан што пред 150 милиони години довело до слабеење на атмосферата на Земјата и предизвикало климатски промени.