Амбасадорот на САД во Пакистан ја напушта функцијата

Камерон Мантер

Американскиот амабасадор во Пакистан Камерон Мантер планира да се замине од функцијата до крајот на годинава. Тој на оваа позиција беше од октомври 2010 година и, како што е соопштено, заминува на негово барање. Агенцијата Ројтерс јавува дека тој ќе биде заменет од Ричард Олсон, човекот кој сега ги надгледува американските економски активности во Авганистан.