Потпретседателот на ПССЕ Роберт Валтер во Македонија

Трајко Вељаноски

Потпретседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа и известител за постмониторинг дијалог со Македонија Роберт Валтер од вчера до 10 мај престојува во информативна посета на Македонија. Дискусиите ќе бидат фокусирани врз начинот на кој Македонија ја спроведува Резолуцијата 1213 од 2000 година. Резолуцијата се однесува на исполнувањето на обврските на Македонија преземени со членството во Советот на Европа во 1995 година, со посебен осврт на промените кои се случија во земјата по изборите во јуни 2011 година, спроведувањето на Рамковниот договор од Охрид на локално ниво, влијанитео на меѓуетничките инциденти, реформата на јавната администрација и ситуацијата со медиумите. Дел од овие области веќе беа подвлечени уште во 2000 година, кога беше укинат мониторингот, но поради последните случувања во Македонија се вратени на агендата на Стразбур. При престојот во Скопје, Валтер треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноиски, со заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери.