Санторум ја поддржа номинацијата на Ромни

Мит Ромни и Рик Санторум.

Еден од кандидатите на внатрешните избори на Републиканската партија за кандидат за претседател на САД, Рик Санторум го поддржа неговиот лут ривал за номинацијата Мит Ромни. Санторум рече дека и двајцата се согласуваат дека претседателот Обама мора да биде поразен. Санторум испадна од претседателската трка минатиот месец, кога и покрај победата во неколку сојзуни држави не успеа да ја стигне предноста на Ромни.