Ќерката на Тимошенко на посета во германската влада

Германскиот министер за правда се сретна со ќерката на поранешниот украински Премиер Јулија Тимошенко. Владин портпарол потврди дека Евгенија Тимошенко се сретнала со министерката Сабине Шнаренбергер на разговори за случајот со екс-премиерката на Украина, која отслужува казна затвор за злоупотреба на службената должност. Јулија Тимошенко штрајкува со глад, наводно поради тоа што ја тепале затворските стражари. Германските власти понудија да испратат лекарска екипа во затворот во Украина.