Најмалку 26 настрадани во поплава во Авганистан

Властите во Авганистан соопштија дека најмалку 26 лица настрадале повеќе од 100 се водат за исчезнати во поплава во северот на земјата. Поплавите се предизвикани од обилни врнежи и ги зафатија селата во областа Дех Мардан. Надлежните велат дека повеќето жртви се жени и деца кои присуствувале на свадбена прослава. Спасувачки екипи трагаат по исчезнатите.