Десетици војници убиени во Јемен

илустрација

Десетици јеменски војници загинале во напади на воени бази во југот на земјата. Новинските агенции проценуваат дека загинале од 32 до 40 припадници на вооружените сили. Десетици се повредени, јавуваат медиумите. Руската „Ирар Тас“ јави дека 25 војници се во заложништво на милитантите, за кои се верува дека се припадници на јеменската гранка на терористичката Ал Каеда. Нападите се случија во близина на градот Зинјибар, град кој е под контрола на милитантите од Мај 2011 година.