Грчките избори го дестабилизираа еврото

Еврото падна на најниско ниво за изминативе три месеци, како и акциите на европските берзи по изборите во Грција на кои владеачките партии кои ги подржуваат мерките за спас го загубија мнозинството.
Аналитичарите велат дека резултатите од изборите и политичката несигурност го кренаа стравот за неуспех на меѓународниот пакет помош за Грција и на пакетот мерки за штедење.
Падна и главниот индекс на берзата во Атина за утрешното тргување за 7,7 проценти , а индексот на грчките банки забележа пад од над 19 проценти и покрај малиот обем во тргувањето.