Чаша за чај на Леди Гага продадена за 75 илјади долари

Чаша за чај, користена само еднаш од поп звездата Леди Гага е продадена на аукција за 6 милиони јени, односно 75 илјади долари како дел од добротворна акција за младите јапонски глумци кои студираат во Америка.
На чашата беше отсликан бакнежот на Леди Гага, која ја посети Јапонија 10 недели по земјотресот во Март 2011 за да ги охрабри напорите за обнова на Јапонија.