Во Грција води Нова Демократија

На парламентарните избори во Грција води десничарската Нова Демократија. На второ место била Сириза, а на трето ПАСОК. Се претпоставува дека ние една партија нема да има мнозинство за да формира самостојно влада. Ова го предвидоа и анкетите, според кои, социјалистите, кои претходно имаа мнозинство, на овие избори ке се на трето место, а се предвидуваше победа на конзервативната Нова Демократија но без доволно гласови за самостојно да формира влада. Според прелиминарните резултати политичката партија Сириза, која се противи на мерките за штедење, е втора по бројот на освоени гласови. По двегодишното кратење на буџетските расходи со цел избегнување банкрот и добивање европска помош гласачите се чини ги казнија Пасок и Нова Демократија, двете политички партии кои во изминативе 40 години се менуваа на владеачката позиција во земјата. Грција е зависна од помошта од Европа тешка милијарди евра, за која ќе бидат потребни нови мерки за штедење од идниот месец.