Најмалку 400 приведени на протестите во Москва

Москва, денеска

Руската полиција соопшти дека најмалку 400 демонстранти биле приведени за време на протестите во Москва преку кои се изразува незадоволство од третиот претседателски мандат на Владимир Путин, кој би требало и официјално да ја превземе функцијата утре. Меѓу приведените се и тројца припадници на опозициски партии. Полицајците се судрија со група демонстранти која се одвоила од толпата која брои најмалку 20,000 лица. Опозиционерите велат дека полициските сили употребуваат солзавец против насобраните, додека пак дел од медиумите јавуваат дека демонстрантите фрлаат пластични шишиња и чадни бомби кон безбедносните сили.