Заврши гласањето на изборите во Грција

Заврши гласањето на парламентарните избори во Грција и првично се претпоставува дека двете најголеми политички партии во земјата: левичарската Пасок и конзервативната Нова Демократија, бележат губиток на подршка. Анкетите од излезноста проектираат дека социјалистите, кои претходно имаа мнозинство, на овие избори се на трето место по бројот на освоени гласови а конзервативната Нова Демократија е во водство, но без доволно гласови за самостојно да формира влада. Според прелиминарните резултати политичката партија Сириза, која се противи на мерките за штедење, е втора по бројот на освоени гласови. По двегодишното кратење на буџетските расходи со цел избегнување банкрот и добивање европска помош гласачите се чини ги казнија Пасок и Нова Демократија, двете политички партии кои во изминативе 40 години се менуваа на владеачката позиција во земјата. Грција е зависна од помошта од Европа тешка милијарди евра, за која ќе бидат потребни нови мерки за штедење од идниот месец.