Излезноста на изборите во Франција речиси 72 проценти

Речиси 72 отсто од регистрираните 46 милиони гласачи го оствариле своето демократско право попладнево во вториот круг гласање на претседателските избори во Франција. Жителите на земјата избираат помеѓу кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд и актуелниот претседател, кандидат на конзервативната партија Никола Саркози. Оланд издвои победа во првиот круг гласање, со собрани половина милион гласови повеќе од неговиот противкандидат Саркози. Предизборните анкети предвидуваа дека Оланд ќе добие мнозинство гласови во вториот круг, но во изминативе неколку дена Саркози успеа да ја намали разликата. Аналитичарите претпоставуваат дека Саркози ќе има корист од висока излезност.