Мирно гласање во Ерменија

Гласањето се одвива непопречено и во мирна атмосфера, изјави членот на централната Руска изборна комисија Сијабшах Шапијев за изборниот процес во Ерменија. Предизборните анкети предвидуваат дека повеќе од 60 проценти од гласовите на парламентарните избори ќе ги добие републиканската партија и коалицискиот партнер Напредна Ерменија, со што не би имало големи промени во владеачката структура во земјата. Од друга страна, се верува дека одреден број на пратенички места ќе припаднат и на опозицискиот Ерменски национален конгрес на чело со екс-претседателот Левон Тер - Петросијан. Повеќе од 300 странски набљудувачи од ОБСЕ се присутни во земјата на денот на изборите.