Апел за избегнување на плажите во Перу

илустрација

Владата во Перу апелира до населението да ги избегнува плажите во земјата се` до завршување на истрагата со која треба да се утврдат причините за смртта на стотина делфини и пеликани. Најмалку 1,200 птици, повеќето пеликани, се пронајдени мртви на северното крајбрежје на Перу. Стотина делфини умреа во истата област во изминативе неколку недели. Властите потврдија дека за сега е утврдено дека не станува збор за птичји грип.