Парламентарни избори во Ерменија

Парламентарни избори се одржуваат денеска во Ерменија. Предизборните анкети предвидуваат победа на Републиканската партија со коалицискиот партнер Напредна Ерменија, кои би можеле да освојат повеќе од 60 проценти од гласовите. Доколку се остварат предвидувањата, не би требало да настанат драстични промени во владеачката структура во земјата. Инцидент му претходеше на денешното гласање, кога 140 лица се здобија со изгоретини и полесни повреди во експлозија на стотина балони на политички митинг во Јереван во петокот. Полицијата смета дека станува збор за несреќен случај.