Прослави и протести во Москва за и против Путин

Симпатизери и критичари на Владимир Путин протестираат на улиците на Москва, еден ден пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател. Противниците на рускиот лидер добија дозвола за одржување на марш но со ограничување на собирот до 5,000 учесници. Подржувачите на Путин, од друга страна, не побараа дозвола за одржување на марш, тврдејки дека не е потребно одобрение за одржување на прослава. Путин ќе ја превземе претседателската функција во понеделник. Станува збор за трет претседателски мандат на рускиот лидер.