Саудиска Арабија го врати амбасадорот во Египет

Амбасадорот Ахмед Абдулазиз Катан

Амбасадорот на Саудиска Арабија во Египет се врати денеска во Каиро. Амбасадорот Ахмед Абдулазиз Катан беше отповикан пред една недела поради дипломатскиот спор меѓу двете земји, по протестите во Каиро против апсењето на египетски адвокат во Саудиска Арабија.
Саудиските власти соопштија дека адвокатот Ахмед ал Гизави бил притворен на 17 април под сомнение дека пренесувал дрога.