Уапсени 300 демонстранти во Египет

Протестите во Каиро

Египетската војска уапсила околу 300 демонстранти по судирите пред Министерството за одбрана во Каиро. Властите соопштија дека тие се обвинети за напад на војската и нарушување на јавниот ред и мир. До судирите дошло кога демонстрантите се обиделе да стигнат до зградата на министерството, при што загинал еден војник, а околу 300 лица биле повредени.
Според властите околу 140 војници биле повредени на протестите.